ѓон

Именка, машки род

Значење на ѓон:

1. Штавена цврста говедска или коњска кожа.

2. Долен дел од чевелот обично изработен од кожа, гума и сл. Ѓонот се излижа и се скина.

3. (дијал.) Утка, птица слична на бувот, но помала.

Множина: ѓонови.

Изведени зборови:

  • ѓонче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Наместо образ има ѓон – безобразен, без срам, нечесен.

Оригинални податоци:

ѓон, мн. ѓонови м. 1. Штавена цврста говедска или коњска кожа. 2. Долен дел од чевелот обично изработен од кожа, гума и сл. Ѓонот се излижа и се скина. 3. (дијал.) Утка, птица слична на бувот, но помала. ◊ Наместо образ има ѓон – безобразен, без срам, нечесен. ‖ ѓонче, мн. ѓончиња ср. дем.