ѓубре
Значење на ѓубре:
1. Отпадоци, нечистотија, смет. Четката за под везден стоеше среде собата заедно со ѓубрето.
2. гној. Арско ѓубре. Природно ѓубре.
3. Вештачки органски и минерални материи за ѓубрење на почвата. Природно и вештачко ѓубре. Азотни и фосфорни ѓубриња.
4. (прен., пејор.) Тој или тоа што е безвредно. Неговите постапки покажаа дека е обично ѓубре. Сега се продава секакво ѓубре.
Множина: ѓубриња.
Фразеолошки израз / поговорка:
Прави ѓубре – растура, расфрла на сите страни.
Оригинални податоци:
ѓубре, мн. ѓубриња ср. 1. Отпадоци, нечистотија, смет. Четката за под везден стоеше среде собата заедно со ѓубрето. 2. сп. гној. Арско ѓубре. Природно ѓубре. 3. Вештачки органски и минерални материи за ѓубрење на почвата. Природно и вештачко ѓубре. Азотни и фосфорни ѓубриња. 4. (прен., пејор.) Тој или тоа што е безвредно. Неговите постапки покажаа дека е обично ѓубре. Сега се продава секакво ѓубре. ◊ Прави ѓубре – растура, расфрла на сите страни.