ѓум
Значење на ѓум:
Голем бакарен сад за вода, ракија, вино, млеко. Го наполни ѓумот со вода. Во раката стегаше ѓум со ракија.Множина: ѓумови.
Изведени зборови:
- ѓумче, и. ср. дем. Го зеде ѓумчето со врела вода и почна да меси.
Оригинални податоци:
ѓум , мн. ѓумови м. Голем бакарен сад за вода, ракија, вино, млеко. Го наполни ѓумот со вода. Во раката стегаше ѓум со ракија. ‖ ѓумче, мн. ѓумчиња ср. дем. Го зеде ѓумчето со врела вода и почна да меси.