глас
Значење на глас:
1. а) Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, при пеење и сл. Силен глас. б) (лингв.) Најмал елемент на јазикот – согласка, самогласка.
2. (муз.) а) Дарба за пеење. Таа имаше прекрасен глас. б) Различна висина на тонот при пеењето. Прв глас. Втор глас. Трет глас.
3. Звук или шум од животно, од машина или од апарат. Го сакам металниот глас на моторот.
4. Вест, новост, информација, порака. Прати глас оти ќе врши обиколка на црквите.
5. Мисла. Внатрешен глас. Глас на потсвеста.
6. Јавно мислење, мислење на некоја група. Глас на народот.
7. Углед, позиција, реноме. На добар глас.
8. Озборување, афера. Сè почесто ќе стигнеа збунувачки гласови: новата, неговата власт примала мито, рушвет.
9. Право на изјаснување за определени политички, државни или административни прашања, усно, со кревање рака или писмено. Разговаравме за сè и сешто, посебно околу избирачките гласови.
Множина: гласа, гласови.
Изведени зборови:
- гласиште, и. ср. аугм. и пејор.
- гласче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во еден глас – истовремено. Гласот не му се слуша – многу е тивок. Ни трага ни глас – никаде. Пукна глас/се шири глас/се пушти глас – се пронесе вест, се разгласи.
Оригинални податоци:
глас, мн. гласови, избр. мн. гласа м. 1. а) Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, при пеење и сл. Силен глас. б) (лингв.) Најмал елемент на јазикот – согласка, самогласка. 2. (муз.) а) Дарба за пеење. Таа имаше прекрасен глас. б) Различна висина на тонот при пеењето. Прв глас. Втор глас. Трет глас. 3. Звук или шум од животно, од машина или од апарат. Го сакам металниот глас на моторот. 4. Вест, новост, информација, порака. Прати глас оти ќе врши обиколка на црквите. 5. Мисла. Внатрешен глас. Глас на потсвеста. 6. Јавно мислење, мислење на некоја група. Глас на народот. 7. Углед, позиција, реноме. На добар глас. 8. Озборување, афера. Сè почесто ќе стигнеа збунувачки гласови: новата, неговата власт примала мито, рушвет. 9. Право на изјаснување за определени политички, државни или административни прашања, усно, со кревање рака или писмено. Разговаравме за сè и сешто, посебно околу избирачките гласови. ◊ Во еден глас – истовремено. Гласот не му се слуша – многу е тивок. Ни трага ни глас – никаде. Пукна глас/се шири глас/се пушти глас – се пронесе вест, се разгласи. ‖ гласче, мн. гласчиња ср. дем. ‖ гласиште, мн. гласишта ср. аугм. и пејор.