глава
Значење на глава:
1. Дел од телото на човек или на животно во кој се наоѓа мозокот. Ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата.
2. Ум, разум, памет, мозок. Во главата му се мешаа разни мисли.
3. (прен.) Животот на човекот. Гледај, да не изгубиш глава! 4. а) Поединец, индивидуа, лице. Во таа борба паднаа најхрабрите глави. б) Животно. Имаше осумдесет глави овци.
4. Раководител, водач, главатар. Ние бевме разбиена војска, а нејзе ѝ е допуштено да нема глава.
5. Дел од книга, поглавје, партија, оддел. Романот содржи единаесет глави.
6. Долен дел од растение; главица. Кромидот беше со крупни глави.
7. Горен, преден дел на предмет (клинец, шајка и сл.). На гредите главите од шајките 'рѓосале.
8. Како мерка за висина. Тој беше за глава повисок од другите.
9. Реверс на монета. Со глава-писмо одлучуваа кој ќе биде прв.
Множина: глави.
Изведени зборови:
- главиште, и. ср. аугм.
- главче, и. ж. мн. главчиња ср.; главичка, мн. главички дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
(Бери) Ум в глава – внимавај што правиш. Бубачки во глава – има некоја манија. Влакно да не му падне (фали) од главата – да не му се случи ништо лошо. Да не те боли глава – без мака, лесно, без многу мислење. Дојдено му е преку глава – не може повеќе да трпи. И на твоја глава (желба) – пожелување за мажење или за женење. Ја става главата в торба – го изложува животот на опасност. Кој нема во главата, има во нозете – кој не мисли навремено, подоцна ќе треба да оди повеќе за да ја заврши работата. Крши глава – заминува, прави што сака. Ме (те, го...) удри нешто в глава – помисли нешто наеднаш. Мува без глава – без цел, без ред, хаотично. Му ја полни главата – му наметнува некакво мислење, уверување. Му се качи на глава – му здодеа. Му се крена косата на главата – непријатно се изненади. Му сече умот во главата – бистар (не) е. Не знае кај му е главата – има многу работа, обврски. Не играј си со главата – не ризикувај го животот. Не може да се фати ни за глава ни за опаш – не може со некого да се најде разбирање. Од глава до петици – целосно, потполно. Плати со глава – изгуби живот. Покрив над глава – засолниште, сопствена куќа. Помине нешто преку глава – минати настани, бурни доживувања, обично негативни. Рибата смрди од главата – слабостите потекнуваат од старешините. Си зема беља на глава – си го усложнува животот. Со крената (дигната) глава – достоинствено, гордо. Со наведната глава – посрамено, понижено. Стои над (врз) глава – надгледува, контролира. Трие сол на (врз) глава – претерано советува, додева со нешто. Удрен в глава – (ирон.) душевно болен. Учи, учи, глава бучи – многу учи, а пак не научува. Човек на своја глава – своеглав човек. Чука глава од ѕид – мисли, очајува.
Оригинални податоци:
глава, мн. глави ж. 1. Дел од телото на човек или на животно во кој се наоѓа мозокот. Ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата. 2. Ум, разум, памет, мозок. Во главата му се мешаа разни мисли. 3. (прен.) Животот на човекот. Гледај, да не изгубиш глава! 4. а) Поединец, индивидуа, лице. Во таа борба паднаа најхрабрите глави. б) Животно. Имаше осумдесет глави овци. 5. Раководител, водач, главатар. Ние бевме разбиена војска, а нејзе ѝ е допуштено да нема глава. 6. Дел од книга, поглавје, партија, оддел. Романот содржи единаесет глави. 7. Долен дел од растение; главица. Кромидот беше со крупни глави. 8. Горен, преден дел на предмет (клинец, шајка и сл.). На гредите главите од шајките 'рѓосале. 9. Како мерка за висина. Тој беше за глава повисок од другите. 10. Реверс на монета. Со глава-писмо одлучуваа кој ќе биде прв. ◊ (Бери) Ум в глава – внимавај што правиш. Бубачки во глава – има некоја манија. Влакно да не му падне (фали) од главата – да не му се случи ништо лошо. Да не те боли глава – без мака, лесно, без многу мислење. Дојдено му е преку глава – не може повеќе да трпи. И на твоја глава (желба) – пожелување за мажење или за женење. Ја става главата в торба – го изложува животот на опасност. Кој нема во главата, има во нозете – кој не мисли навремено, подоцна ќе треба да оди повеќе за да ја заврши работата. Крши глава – заминува, прави што сака. Ме (те, го...) удри нешто в глава – помисли нешто наеднаш. Мува без глава – без цел, без ред, хаотично. Му ја полни главата – му наметнува некакво мислење, уверување. Му се качи на глава – му здодеа. Му се крена косата на главата – непријатно се изненади. Му сече умот во главата – бистар (не) е. Не знае кај му е главата – има многу работа, обврски. Не играј си со главата – не ризикувај го животот. Не може да се фати ни за глава ни за опаш – не може со некого да се најде разбирање. Од глава до петици – целосно, потполно. Плати со глава – изгуби живот. Покрив над глава – засолниште, сопствена куќа. Помине нешто преку глава – минати настани, бурни доживувања, обично негативни. Рибата смрди од главата – слабостите потекнуваат од старешините. Си зема беља на глава – си го усложнува животот. Со крената (дигната) глава – достоинствено, гордо. Со наведната глава – посрамено, понижено. Стои над (врз) глава – надгледува, контролира. Трие сол на (врз) глава – претерано советува, додева со нешто. Удрен в глава – (ирон.) душевно болен. Учи, учи, глава бучи – многу учи, а пак не научува. Човек на своја глава – своеглав човек. Чука глава од ѕид – мисли, очајува. ‖ главче, мн. главчиња ср.; главичка, мн. главички ж. дем. ‖ главиште, мн. главишта ср. аугм.