гледа

Глагол, несвршен

Значење на гледа:

1. Насочува поглед кон некого или кон нешто. Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше.

2. Доаѓа до сознание; сфаќа. Сега гледам дека нè пратиле ваму да изгинеме.

3. Внимава, се труди. Гледај какви ветувања даваш.

4. Настојува, води сметка за нешто. Гледаа да не го навредат.

5. Се угледува на некого, зема пример од некого. Учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта.

6. Разгледува, бира. Пред некој ден гледавме мантили.

7. Се грижи за некого или за нешто; чува, негува. Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството.

8. Насочен е кон нешто. Станот гледаше на исток.

9. Зазема став за нешто. Тој уметноста ја гледал од поинаков аспект.

10. Гата, предвидува иднина. Тетка му знаеше да гледа на гравче.

Коњугација: гледаат.

Изведени зборови:

  • гледање, глаг. им. ср.
  • се ~ гледа, 1. повр. Тој се гледа себеси некаде на некоја позиција. 2. заемноповр. Двајцата конзули се гледаа, очи в очи, настојувајќи да бидат непринудени на разговор. 3. Се сретнува, се посетува со некого. Често се гледавме в театар. 4. безл. Може да се види. Се гледа дека внатре има луѓе.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гледа накриво – не одобрува нешто. Гледа низ прсти – попушта. Гледа од високо – смета дека е повреден, поважен од некого. Гледа под очи – скришно погледнува. Гледа сеир (разг.) – ужива во нечија неволја. Го гледа како капка вода во дланка – многу се грижи за некого. Си го гледа ќефот (разг.) – ужива, не се оптоварува со ништо. Си ја гледа работата – не се интересира за туѓите работи.

Оригинални податоци:

гледа, гледаат несв. 1. Насочува поглед кон некого или кон нешто. Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше. 2. Доаѓа до сознание; сфаќа. Сега гледам дека нè пратиле ваму да изгинеме. 3. Внимава, се труди. Гледај какви ветувања даваш. 4. Настојува, води сметка за нешто. Гледаа да не го навредат. 5. Се угледува на некого, зема пример од некого. Учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта. 6. Разгледува, бира. Пред некој ден гледавме мантили. 7. Се грижи за некого или за нешто; чува, негува. Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството. 8. Насочен е кон нешто. Станот гледаше на исток. 9. Зазема став за нешто. Тој уметноста ја гледал од поинаков аспект. 10. Гата, предвидува иднина. Тетка му знаеше да гледа на гравче. ● се ~ 1. повр. Тој се гледа себеси некаде на некоја позиција. 2. заемноповр. Двајцата конзули се гледаа, очи в очи, настојувајќи да бидат непринудени на разговор. 3. Се сретнува, се посетува со некого. Често се гледавме в театар. 4. безл. Може да се види. Се гледа дека внатре има луѓе. ◊ Гледа накриво – не одобрува нешто. Гледа низ прсти – попушта. Гледа од високо – смета дека е повреден, поважен од некого. Гледа под очи – скришно погледнува. Гледа сеир (разг.) – ужива во нечија неволја. Го гледа како капка вода во дланка – многу се грижи за некого. Си го гледа ќефот (разг.) – ужива, не се оптоварува со ништо. Си ја гледа работата – не се интересира за туѓите работи. ‖ глаг. им. гледање ср.