глода

Глагол, несвршен

Значење на глода:

1. Гризе, нагризува, кине со заби нешто тврдо. Глувците глодаа по таванот.

2. (прен.) Вознемирува, измачува некакво чувство или мисла. Чемер ме глода.

Коњугација: глодаат.

Изведени зборови:

  • глодање, глаг. им. ср.
  • се ~ глода, заемноповр. (прен.) Се караат, се измачуваат. Жените во таков ден престануваа да се глодаат една со друга.

Оригинални податоци:

глода, глодаат несв. 1. Гризе, нагризува, кине со заби нешто тврдо. Глувците глодаа по таванот. 2. (прен.) Вознемирува, измачува некакво чувство или мисла. Чемер ме глода. ● се ~ заемноповр. (прен.) Се караат, се измачуваат. Жените во таков ден престануваа да се глодаат една со друга. ‖ глаг. им. глодање ср.