глупав
Значење на глупав:
1. Што има ограничени умствени способности, ограничен, заостанат, тап. Беше многу убав, ама глупав како брат му.
2. Што е бесмислен. Што глупави желби, боже, имаме!
Членувана форма: глупавиот.
Изведени зборови:
- глупаво, прил. Се однесуваше глупаво во новонастанатата ситуација.
- глупавост, и. ж.
Оригинални податоци:
глупав, глупавиот прид. 1. Што има ограничени умствени способности, ограничен, заостанат, тап. Беше многу убав, ама глупав како брат му. 2. Што е бесмислен. Што глупави желби, боже, имаме! ‖ глупаво прил. Се однесуваше глупаво во новонастанатата ситуација. ‖ глупавост ж.