глутница
Значење на глутница:
1. Група животни, обично волци, што се движат и напаѓаат заедно. Беше тоа една постојана глутница волци што се штенеше и живееше тука.
2. (прен.) Група луѓе што напаѓаат некого. Беше предводник на човечка глутница.
Множина: глутници.
Изведени зборови:
- глутнички, прид. глутничкиот
Оригинални податоци:
глутница, мн. глутници ж. 1. Група животни, обично волци, што се движат и напаѓаат заедно. Беше тоа една постојана глутница волци што се штенеше и живееше тука. 2. (прен.) Група луѓе што напаѓаат некого. Беше предводник на човечка глутница. ‖ глутнички, глутничкиот прид.