глув
Значење на глув:
1. Што е лишен од слух, што не слуша. Не знаеше дека далеку се слуша неговиот барабан, бидејќи беше глув и на двете уши.
2. (прен.) Што е рамнодушен, бесчувствителен. Таа беше глува за лелекот, слепа за очајот.
3. За звук – што е нејасен, придушен, тап. Бучењето на ехото беше сега поглуво и пострашно.
4. Што е тивок, пуст, празен. Глува вечер. Глуво утро. Глува куќа. Глува улица.
Членувана форма: глувиот.
Изведени зборови:
- глуво, прил. Неговите зборови глуво одекнаа во ноќта.
- глувост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Глуво доба/Глуво време/Глува ноќ – доцна, длабока ноќ.
Оригинални податоци:
глув, глувиот прид. 1. Што е лишен од слух, што не слуша. Не знаеше дека далеку се слуша неговиот барабан, бидејќи беше глув и на двете уши. 2. (прен.) Што е рамнодушен, бесчувствителен. Таа беше глува за лелекот, слепа за очајот. 3. За звук – што е нејасен, придушен, тап. Бучењето на ехото беше сега поглуво и пострашно. 4. Што е тивок, пуст, празен. Глува вечер. Глуво утро. Глува куќа. Глува улица. ◊ Глуво доба/Глуво време/Глува ноќ – доцна, длабока ноќ. ‖ глуво прил. Неговите зборови глуво одекнаа во ноќта. ‖ глувост ж.