гнете

Глагол, несвршен

Значење на гнете:

1. Става, полни нешто некаде со притискање, со гмечење. Торбата ја гнетеше со алишта.

2. (разг.) Лакомо, ненаситно јаде, лапа. Залаците ги гнетеше едноподруго во устата.

3. (прен.) Мачи, измачува, угнетува. Го давиме, го гнетеме народот.

Коњугација: гнел, гнетат , гнетеа , гнетев , гнетејќи , гнетел , гнетен , гнетете , гнети , гнетоа , гнетов .

Изведени зборови:

  • гнетење, глаг. им. ср.
  • се ~ гнете, Се натрупува, се турка, се пика. Народот се гнетеше во скривницата.

Оригинални податоци:

гнете, гнетат; гнети, гнетете; гнетев, гнетеа; гнетел; гнетен; гнетејќи; мин. св. гнетов, гнетоа; гнел несв. 1. Става, полни нешто некаде со притискање, со гмечење. Торбата ја гнетеше со алишта. 2. (разг.) Лакомо, ненаситно јаде, лапа. Залаците ги гнетеше едноподруго во устата. 3. (прен.) Мачи, измачува, угнетува. Го давиме, го гнетеме народот. ● се ~ Се натрупува, се турка, се пика. Народот се гнетеше во скривницата. ‖ глаг. им. гнетење ср.