гнездо

Именка, среден род

Значење на гнездо:

1. Живеалиште на птици направено од слама и др., обично на дрво; седело. Сламка по сламка, пердувче по пердувче, дури земја со клунот пренесува, само гнездото да му биде поцврсто и потопло.

2. (прен.) Место, средиште на некаква дејност, собиралиште, врталиште. Ајдучко гнездо. Арамиско гнездо.

3. (воен.) Место, добро засолнето, од каде што пукаат војници. Митралеско гнездо.

4. (прен.) Семејство, дом. Конечно сви свое гнездо, се ожени.

Множина: гнезда.

Изведени зборови:

  • гнезденце, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

гнездо, мн. гнезда ср. 1. Живеалиште на птици направено од слама и др., обично на дрво; седело. Сламка по сламка, пердувче по пердувче, дури земја со клунот пренесува, само гнездото да му биде поцврсто и потопло. 2. (прен.) Место, средиште на некаква дејност, собиралиште, врталиште. Ајдучко гнездо. Арамиско гнездо. 3. (воен.) Место, добро засолнето, од каде што пукаат војници. Митралеско гнездо. 4. (прен.) Семејство, дом. Конечно сви свое гнездо, се ожени. ‖ гнезденце, мн. гнезденца ср. дем.