година

Именка, женски род

Значење на година:

1. Време во кое Земјата свртува цел круг околу Сонцето, од 1 јануари до 31 декември.

2. Временски период во кој завршува некој циклус. Учебна година. Буџетска година.

3. (само во мн.) Деценија. Осумдесеттите години.

4. Период од животот. Години на детството. Ученички години.

5. Возраст. На тие години човек многу не размислува.

6. Годиште (на списание, весник и сл.). Весникот излегува веќе трета година.

7. Помен, парастос. Вчера му правеа година.

Множина: години, годиње.

Изведени зборови:

  • годинка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Влегол во години – остарел. Гладна година – неродна година. За многу години! – честитка, желба за долг живот. Од година на година – 1. ретко. 2. со текот на времето. 3. секоја година.

Оригинални податоци:

година, мн. години, зб. мн. годиње ж. 1. Време во кое Земјата свртува цел круг околу Сонцето, од 1 јануари до 31 декември. 2. Временски период во кој завршува некој циклус. Учебна година. Буџетска година. 3. (само во мн.) Деценија. Осумдесеттите години. 4. Период од животот. Години на детството. Ученички години. 5. Возраст. На тие години човек многу не размислува. 6. Годиште (на списание, весник и сл.). Весникот излегува веќе трета година. 7. Помен, парастос. Вчера му правеа година. ◊ Влегол во години – остарел. Гладна година – неродна година. За многу години! – честитка, желба за долг живот. Од година на година – 1. ретко. 2. со текот на времето. 3. секоја година. ‖ годинка, мн. годинки ж. дем.