гои

Глагол, несвршен

Значење на гои:

1. За домашни животни, добиток и живина – дебели, храни за да добие поголема тежина. Гоеше гуски и прасиња за Божик.

2. (прен.) За човек – јаде многу, во големи количини. Само го гојат, а ништо не работи.

Коњугација: гоев , гоеја , гоејќи , гоел , гоен , гоија , гој , гојаа и гоив , гојав , гојал и гоил , гојан, гојат , гојте .

Изведени зборови:

  • гоење, глаг. им. ср.
  • се ~ гои, Се дебели. И крмнакот убаво се гои од тиквите.

Оригинални податоци:

гои, гојат; гој, гојте; гоев, гоеја; гоел; гоен; гоејќи; мин. св. гојав, гојаа и гоив; гоија; гојал и гоил; гојан несв. 1. За домашни животни, добиток и живина – дебели, храни за да добие поголема тежина. Гоеше гуски и прасиња за Божик. 2. (прен.) За човек – јаде многу, во големи количини. Само го гојат, а ништо не работи. ● се ~ Се дебели. И крмнакот убаво се гои од тиквите. ‖ глаг. им. гоење ср.