гол

Придавка

Значење на гол:

1. Што е без облека. Се капеа голи во морето.

2. Што е слабо, лесно облечен. Не оди гола надвор, ќе настинеш! 3. Што не е покриен со коса, со влакна, со пердуви, со крзно, со капа и сл. Голо теме. Гола глава. Гола кокошка. Гола опашка. 4. За предмет – што е непокриен, ненаместен. Голи ѕидови. Гол под.

3. Што е без трева, без лисја, без дрвја и сл. Голо место. Голо дрво. Гола ливада. Гола планина.

4. (прен.) Што е недополнет, чист, без примеси. Гола вистина. Голи факти.

5. (прен.) Што е многу сиромашен, беден. Сите од таа фамилија се голи, ништо немаат.

Членувана форма: голиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ем гол ем зол – кога некој е сиромашен или нема познавање за некоја работа, а покажува лошотија, злоба. Се гледа со голо око – оддалеку се гледа нешто. Со голи раце – направи нешто сам, без ничија помош и без алат.

Оригинални податоци:

гол, голиот прид. 1. Што е без облека. Се капеа голи во морето. 2. Што е слабо, лесно облечен. Не оди гола надвор, ќе настинеш! 3. Што не е покриен со коса, со влакна, со пердуви, со крзно, со капа и сл. Голо теме. Гола глава. Гола кокошка. Гола опашка. 4. За предмет – што е непокриен, ненаместен. Голи ѕидови. Гол под. 5. Што е без трева, без лисја, без дрвја и сл. Голо место. Голо дрво. Гола ливада. Гола планина. 6. (прен.) Што е недополнет, чист, без примеси. Гола вистина. Голи факти. 7. (прен.) Што е многу сиромашен, беден. Сите од таа фамилија се голи, ништо немаат. ◊ Ем гол ем зол – кога некој е сиромашен или нема познавање за некоја работа, а покажува лошотија, злоба. Се гледа со голо око – оддалеку се гледа нешто. Со голи раце – направи нешто сам, без ничија помош и без алат.