голиштарец

Именка, машки род

Значење на голиштарец:

1. Пиле без пердуви. Седелото беше полно со пилиња голиштарци.

2. Голо дете. Повеќе се боси и слабо облечени, слабикави голиштарци обгорени и нечисти од овошјето.

3. (прен.) Тој што е млад, неискусен, незрел. Голиштарци едни, вие ќе ми кажувате!

Множина: голиштарци.

Изведени зборови:

  • голиштарче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

голиштарец, мн. голиштарци м. 1. Пиле без пердуви. Седелото беше полно со пилиња голиштарци. 2. Голо дете. Повеќе се боси и слабо облечени, слабикави голиштарци обгорени и нечисти од овошјето. 3. (прен.) Тој што е млад, неискусен, незрел. Голиштарци едни, вие ќе ми кажувате! ‖ голиштарче, мн. голиштарчиња ср. дем.