гони

Глагол, несвршен

Значење на гони:

1. Брка некого, трча по некого со цел да го фати. А ти не мораш да возиш како некој да те гони.

2. (прен.) Прогонува некоја мисла, чувство. Но, не може инаку, зашто го гони претставата дека коските ќе му скапат од лежење и седење.

3. Тера. Нешто го гонеше да му се јави пак.

Коњугација: гонат.

Изведени зборови:

  • гонење, глаг. им. ср.
  • се ~ гони, Се бркаат. Гладни волци се гонат. Четири гулаби в слободна игра се гонат.

Оригинални податоци:

гони, гонат несв. 1. Брка некого, трча по некого со цел да го фати. А ти не мораш да возиш како некој да те гони. 2. (прен.) Прогонува некоја мисла, чувство. Но, не може инаку, зашто го гони претставата дека коските ќе му скапат од лежење и седење. 3. Тера. Нешто го гонеше да му се јави пак. ● се ~ Се бркаат. Гладни волци се гонат. Четири гулаби в слободна игра се гонат. ‖ глаг. им. гонење ср.