горд
Значење на горд:
1. Што има високо мислење за себе. Та тие викаат по вас дека сте човек честољубив, горд.
2. Што е надмен, горделив. Напред врвеше домаќинката горда како гуска.
3. Што е задоволен од резултат на некоја работа или успех. Беше горд со успесите на своите деца.
Членувана форма: гордиот.
Изведени зборови:
- гордо, прил. Гордо ја крена главата.
- гордост, и. ж.
Оригинални податоци:
горд, гордиот прид. 1. Што има високо мислење за себе. Та тие викаат по вас дека сте човек честољубив, горд. 2. Што е надмен, горделив. Напред врвеше домаќинката горда како гуска. 3. Што е задоволен од резултат на некоја работа или успех. Беше горд со успесите на своите деца. ‖ гордо прил. Гордо ја крена главата. ‖ гордост ж.