горен

Придавка

Значење на горен:

1. Што е на високо место. Во десниот горен агол од вратата имаше издлабено мало дупче.

2. Што се облекува одозгора. Горни алишта.

3. (прен.) Што е на висока општествена или службена позиција. Им припаѓаше на горните слоеви.

4. (прен.) Горниот м. Господ. Да не даде Горниот.

Членувана форма: горниот.

Оригинални податоци:

горен, горниот прид. 1. Што е на високо место. Во десниот горен агол од вратата имаше издлабено мало дупче. 2. Што се облекува одозгора. Горни алишта. 3. (прен.) Што е на висока општествена или службена позиција. Им припаѓаше на горните слоеви. 4. (прен.) Горниот м. Господ. Да не даде Горниот.