гори
Значење на гори:
1. Е во оган, е запален. Куќата гореше сета во пламен.
2. Свети. Ламбата гореше цела ноќ.
3. (прен.) Е обземен од љубов, од страст, од омраза и сл.; копнее, има желба. Девојката гореше од љубов. Горам од желба да те слушнам како рецитираш.
4. (прен.) Има висока телесна температура. Детето три дена гореше од температура.
Коњугација: горат.
Изведени зборови:
- горење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Село гори, баба се чешла – сп. баба.
Оригинални податоци:
гори, горат несв. 1. Е во оган, е запален. Куќата гореше сета во пламен. 2. Свети. Ламбата гореше цела ноќ. 3. (прен.) Е обземен од љубов, од страст, од омраза и сл.; копнее, има желба. Девојката гореше од љубов. Горам од желба да те слушнам како рецитираш. 4. (прен.) Има висока телесна температура. Детето три дена гореше од температура. ◊ Село гори, баба се чешла – сп. баба. ‖ глаг. им. горење ср.