горјанин

Именка, машки род

Значење на горјанин:

1. Планински човек, шумски човек. Челичните тела на горјаните ги издржаа сите тие тортури и останаа живи.

2. (нар. поез.) Име на ветер што дува од планината; горњак. Не веј, ветре горјанине, / не ме крши, не ме ломи...

Множина: горјани.

Изведени зборови:

  • горјанка, и. ж.
  • горјански, прид. горјанскиот

Оригинални податоци:

горјанин, мн. горјани м. 1. Планински човек, шумски човек. Челичните тела на горјаните ги издржаа сите тие тортури и останаа живи. 2. (нар. поез.) Име на ветер што дува од планината; горњак. Не веј, ветре горјанине, / не ме крши, не ме ломи... ‖ горјанка, мн. горјанки ж. ‖ горјански, горјанскиот прид.