господ
Црковен термин.
Само во еднина.
Значење на господ:
Вокатив господе и господи. Христијански бог. Во Господ се верува постојано и искрено, и кога нè помага, и кога одмага!Фразеолошки израз / поговорка:
Да го поживее Господ – желба за долг живот. Дал Господ – Господ е дарежлив; има. Го виде господ – помина тежок период од животот. Господ да чува – желба некоја лоша работа да не се случи. Господ здравје да ти даде – желба за добро здравје. Господ те донесе, те прати – израз на радост за нечие доаѓање. Жити Господ – за заколнување. Има Господ – има правда. Само Господ знае – никој не знае сигурно. Со Господ напред – со среќа. Чул те Господ – желба тоа што велиш да се оствари. Што дал Господ – што има, тоа ќе се јаде.
Оригинални податоци:
господ (само едн.), вок. господе и господи м. (црков.) Христијански бог. Во Господ се верува постојано и искрено, и кога нè помага, и кога одмага! ◊ Да го поживее Господ – желба за долг живот. Дал Господ – Господ е дарежлив; има. Го виде господ – помина тежок период од животот. Господ да чува – желба некоја лоша работа да не се случи. Господ здравје да ти даде – желба за добро здравје. Господ те донесе, те прати – израз на радост за нечие доаѓање. Жити Господ – за заколнување. Има Господ – има правда. Само Господ знае – никој не знае сигурно. Со Господ напред – со среќа. Чул те Господ – желба тоа што велиш да се оствари. Што дал Господ – што има, тоа ќе се јаде.