гости

Глагол, свршен и несвршен

Значење на гости:

Пречека, пречекува, почести, почестува некого како гостин со јадење и со пиење. Ама нè гостија! Домаќините ве гостат со вино и со ракија.

Коњугација: гостат.

Изведени зборови:

  • гостење, глаг. им. ср.
  • се ~ гости, Добро се најаде и се напие, добро јаде и пие, се почести, се чести. Целото село јало и се гостело. Тој се гости со баницата.

Оригинални податоци:

гости, гостат св. и несв. Пречека, пречекува, почести, почестува некого како гостин со јадење и со пиење. Ама нè гостија! Домаќините ве гостат со вино и со ракија. ● се ~ Добро се најаде и се напие, добро јаде и пие, се почести, се чести. Целото село јало и се гостело. Тој се гости со баницата. ‖ глаг. им. гостење ср.