гостопримлив

Придавка

Значење на гостопримлив:

Што сака гости; што со задоволство прима и пречекува гости; гостољубив. Гостопримливи луѓе.

Членувана форма: гостопримливиот.

Изведени зборови:

  • гостопримливо, прил. Гостопримливо се поздрави.
  • гостопримливост, и. ж.

Оригинални податоци:

гостопримлив, гостопримливиот прид. Што сака гости; што со задоволство прима и пречекува гости; гостољубив. Гостопримливи луѓе. ‖ гостопримливо прил. Гостопримливо се поздрави. ‖ гостопримливост ж.