гостува

Глагол, несвршен

Значење на гостува:

1. Е гостин. Тој три дена гостуваше кај нас.

2. Настапува во друго место на спортски, музички и други манифестации. Со свои предавања гостувал на повеќе домашни и странски универзитети. Вечерва во нашиот град ќе гостува големиот комичар. Театарот за деца и младинци гостуваше во повеќе градови.

Коњугација: гостуваат.

Изведени зборови:

  • гостување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

гостува, гостуваат несв. 1. Е гостин. Тој три дена гостуваше кај нас. 2. Настапува во друго место на спортски, музички и други манифестации. Со свои предавања гостувал на повеќе домашни и странски универзитети. Вечерва во нашиот град ќе гостува големиот комичар. Театарот за деца и младинци гостуваше во повеќе градови. ‖ глаг. им. гостување ср.