говор

Именка, машки род

Значење на говор:

1. (лингв.) Начин за разбирање меѓу луѓето со помош на артикулирани гласови; устен јазик.

2. (лингв.) Изговор, начин на зборување. По говорот се познаваше дека не е оттука.

3. (лингв.) Територијален јазик: наречје, дијалект. Скопски говор. Битолски говор.

4. Зборување пред собир на луѓе; предавање, беседа, реч. Претседателот држеше поздравен говор пред присутните.

Множина: говора, говори.

Оригинални податоци:

говор, мн. говори, избр. мн. говора м. 1. (лингв.) Начин за разбирање меѓу луѓето со помош на артикулирани гласови; устен јазик. 2. (лингв.) Изговор, начин на зборување. По говорот се познаваше дека не е оттука. 3. (лингв.) Територијален јазик: наречје, дијалект. Скопски говор. Битолски говор. 4. Зборување пред собир на луѓе; предавање, беседа, реч. Претседателот држеше поздравен говор пред присутните.