граба

Глагол, несвршен

Значење на граба:

1. Зема нешто насилно, брзо. Го граба ножот од појас и се убива.

2. Присвојува нешто што е туѓо; пљачка, краде, ограбува. Ние не излеговме да колеме и да грабаме.

3. Брзо оди. Децата грабаа по патот.

Коњугација: грабаат.

Изведени зборови:

  • грабање, глаг. им. ср.
  • се ~ граба, Се бори за нешто, сака да земе нешто насилно. Како можело да се граба туѓо писмо и да се чита. Јато орли се грабаа за некоја мрша. Тој се грабаше за власт со сите средства.

Оригинални податоци:

граба, грабаат несв. 1. Зема нешто насилно, брзо. Го граба ножот од појас и се убива. 2. Присвојува нешто што е туѓо; пљачка, краде, ограбува. Ние не излеговме да колеме и да грабаме. 3. Брзо оди. Децата грабаа по патот. ● се ~ Се бори за нешто, сака да земе нешто насилно. Како можело да се граба туѓо писмо и да се чита. Јато орли се грабаа за некоја мрша. Тој се грабаше за власт со сите средства. ‖ глаг. им. грабање ср.