градба
Значење на градба:
1. Градење некаков објект, ѕидање, изградба. Застана среде градбата и фати да витка цигара.
2. Објект што се гради или изграден објект. Паднаа ѕидовите на градбата.
3. (прен.) Конституција на тело. Беше со слаба и ковчеста градба.
4. (прен.) Структура, строеж, состав. Според граматичката градба, речениците се лични и безлични, активни и пасивни.
Множина: градби.
Оригинални податоци:
градба, мн. градби ж. 1. Градење некаков објект, ѕидање, изградба. Застана среде градбата и фати да витка цигара. 2. Објект што се гради или изграден објект. Паднаа ѕидовите на градбата. 3. (прен.) Конституција на тело. Беше со слаба и ковчеста градба. 4. (прен.) Структура, строеж, состав. Според граматичката градба, речениците се лични и безлични, активни и пасивни.