гради

Именка

Само во множина.

Значење на гради:

1. Преден дел на телото меѓу вратот и стомакот. Кошулата на градите му беше распетлана.

2. Бели дробови. Ги наполни градите со чист воздух.

3. (прен.) Внатрешност, интима, душа. Во градите чувствував тежина. Сиот јад и горчина што му се прелеваа во градите сакаше да ги истури и да ги фрли на нив.

Оригинални податоци:

гради (само мн.) 1. Преден дел на телото меѓу вратот и стомакот. Кошулата на градите му беше распетлана. 2. Бели дробови. Ги наполни градите со чист воздух. 3. (прен.) Внатрешност, интима, душа. Во градите чувствував тежина. Сиот јад и горчина што му се прелеваа во градите сакаше да ги истури и да ги фрли на нив.