градител

Именка, машки род

Значење на градител:

1. Ѕидар; архитект. Ќе ни требаат градители и каменоресци, копаничари и зографи.

2. Тој што придонесува со својот труд да се изгради некое општо дело. Тој беше борец за вистината и градител на човечноста.

Множина: градители.

Изведени зборови:

  • градителка, и. ж.
  • градителски, прид. градителскиот

Оригинални податоци:

градител, мн. градители м. 1. Ѕидар; архитект. Ќе ни требаат градители и каменоресци, копаничари и зографи. 2. Тој што придонесува со својот труд да се изгради некое општо дело. Тој беше борец за вистината и градител на човечноста. ‖ градителка, мн. градителки ж. ‖ градителски, градителскиот прид.