граница 1
Значење на граница:
1. Линија што разделува држави, области и сл.; меѓа. Државна граница. Општинска граница. Граница меѓу две села. Граница меѓу поседи.
2. (прен.) Замислена линија што разделува појави, поими и сл. На граница на реалното. Граница меѓу сонот и јавето.
3. (прен.) Крајна точка до која може, смее да се стигне, да се дозволи нешто. На граница на издржливоста. До крајна граница.
Множина: граници.
Оригинални податоци:
граница1, мн. граници ж. 1. Линија што разделува држави, области и сл.; меѓа. Државна граница. Општинска граница. Граница меѓу две села. Граница меѓу поседи. 2. (прен.) Замислена линија што разделува појави, поими и сл. На граница на реалното. Граница меѓу сонот и јавето. 3. (прен.) Крајна точка до која може, смее да се стигне, да се дозволи нешто. На граница на издржливоста. До крајна граница.