грб 1

Именка, машки род

Значење на грб:

Заден дел од телото меѓу вратот и половината. Грбот го болеше од тешкиот товар. Му се здрви грбот од работата. Се качи на грбот на коњот и избега.

Множина: грба, грбови.

Изведени зборови:

  • грпче, и. ср. дем и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да ти го видам грбот! – бегај, оди си! Живее на туѓ грб – живее на туѓа сметка, некој го издржува. Зборува зад грб – озборува. Има грб – има блиски луѓе на високи позиции што го штитат. Му го направи грбот како мевот – многу го истепа. Му го сврте грбот – го изневери. Му зари нож во грбот – неочекувано му направи лоша работа. Сто стапа по туѓ грб не болат – туѓата болка и мака не ја чувствуваме.

Оригинални податоци:

грб1, мн. грбови, избр. мн. грба м. Заден дел од телото меѓу вратот и половината. Грбот го болеше од тешкиот товар. Му се здрви грбот од работата. Се качи на грбот на коњот и избега. ◊ Да ти го видам грбот! – бегај, оди си! Живее на туѓ грб – живее на туѓа сметка, некој го издржува. Зборува зад грб – озборува. Има грб – има блиски луѓе на високи позиции што го штитат. Му го направи грбот како мевот – многу го истепа. Му го сврте грбот – го изневери. Му зари нож во грбот – неочекувано му направи лоша работа. Сто стапа по туѓ грб не болат – туѓата болка и мака не ја чувствуваме. ‖ грпче, мн. грпчиња ср. дем и хип.