грчовит
Значење на грчовит:
1. Што е проследен со грчеви. Имаше грчовити болки во стомакот.
2. (прен.) Што е силен, тежок, напорен. Се предаде по грчовита борба.
Членувана форма: грчовитиот.
Изведени зборови:
- грчовито, прил. Се бореше грчовито.
- грчовитост, и. ж.
Оригинални податоци:
грчовит, грчовитиот прид. 1. Што е проследен со грчеви. Имаше грчовити болки во стомакот. 2. (прен.) Што е силен, тежок, напорен. Се предаде по грчовита борба. ‖ грчовито прил. Се бореше грчовито. ‖ грчовитост ж.