гребе

Глагол, несвршен

Значење на гребе:

1. Драска нешто со нокти или со нешто остро. Мачката гребе. Кучето гребеше по вратата.

2. Симнува нешто од површината, струже. Детето ја гребеше налепницата од стаклото.

3. Создава чувство на гребење. Грлото ме гребе.

Коњугација: гребаа , гребав , гребан, гребат , гребеа , гребев , гребејќи , гребел , гребен , гребете , греби .

Изведени зборови:

  • гребење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

гребе, гребат; греби, гребете; гребев, гребеа; гребел; гребен; гребејќи; мин. св. гребав, гребаа; гребан несв. 1. Драска нешто со нокти или со нешто остро. Мачката гребе. Кучето гребеше по вратата. 2. Симнува нешто од површината, струже. Детето ја гребеше налепницата од стаклото. 3. Создава чувство на гребење. Грлото ме гребе. ‖ глаг. им. гребење ср.