грее
Значење на грее:
1. За сонце – сјае, свети, затоплува. Сонцето силно грееше.
2. Затоплува, стоплува, загрева. Греалката добро грееше и во станот беше пријатно топло.
3. (прен.) Предизвикува радост, милост, љубов. Погледот од мајчините очи ме грееше.
Коњугација: греав , греаја , греал , греан, греат , греев , грееја , греејќи , греел , греен , греј , грејте .
Изведени зборови:
- греење, глаг. им. ср.
- се ~ грее, Се затоплува, се загрева. Водата за чај се грееше.
Оригинални податоци:
грее, греат; греј, грејте; греев, грееја; греел; греен; греејќи, мин. св. греав, греаја; греал; греан несв. 1. За сонце – сјае, свети, затоплува. Сонцето силно грееше. 2. Затоплува, стоплува, загрева. Греалката добро грееше и во станот беше пријатно топло. 3. (прен.) Предизвикува радост, милост, љубов. Погледот од мајчините очи ме грееше. ● се ~ Се затоплува, се загрева. Водата за чај се грееше. ‖ глаг. им. греење ср.