грев

Именка, машки род

Значење на грев:

1. Постапка со која се кршат верските правила, божјите заповеди. Смртен грев.

2. Неправилна, лоша постапка; прекршување на моралните норми. Нема поголем грев од тоа да ја предадеш татковината.

Множина: грева, гревови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Грев ми (ти, му...) е – жал ми е. Гревовите не му се гледаат – тежок му е животот. Гревот да те фати – клетва. Гревот на мевот – никому ништо. Гревот не си го дава – многу е скржав. За грев е – за жалење е. Му падна грев – го фати жал. Не ти е грев? – треба да ти е жал. Ќе му ги гледа гревовите – ќе го гледа како се мачи. Ќе му ги бере гревовите – мачи некого. Ќе им ги остави гревовите – ништо нема да им остави на наследниците. Ќе те фати гревот – ќе страдаш.

Оригинални податоци:

грев, мн. гревови, избр. мн. грева м. 1. Постапка со која се кршат верските правила, божјите заповеди. Смртен грев. 2. Неправилна, лоша постапка; прекршување на моралните норми. Нема поголем грев од тоа да ја предадеш татковината. ◊ Грев ми (ти, му...) е – жал ми е. Гревовите не му се гледаат – тежок му е животот. Гревот да те фати – клетва. Гревот на мевот – никому ништо. Гревот не си го дава – многу е скржав. За грев е – за жалење е. Му падна грев – го фати жал. Не ти е грев? – треба да ти е жал. Ќе му ги гледа гревовите – ќе го гледа како се мачи. Ќе му ги бере гревовите – мачи некого. Ќе им ги остави гревовите – ништо нема да им остави на наследниците. Ќе те фати гревот – ќе страдаш.