грло
Значење на грло:
1. Горниот дел од внатрешноста на вратот што се наоѓа меѓу усната празнина и хранопроводникот. Ме боли грлото кога голтам.
2. (прен.) Глас. Му зарипна грлото.
3. (прен.) Тесен горен дел од шише; грлушник. Шишето беше полно до грлото.
4. Тесен дел на поток, на река и сл. Прескокнаа кај грлото на потокот.
Множина: грла.
Изведени зборови:
- грлце, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Викна колку што го држи грлото – викна на цел глас. Го стегна нешто во грлото – почувствува болка, тага, страв. До грло – сосема, потполно, целосно. Коска в грло – голема пречка. Му застана зборот (гласот) в грло – од преголема возбуда или страв не може да зборува. Стави нож под грло – доведе некого во тешка ситуација. Тесно грло – место каде што доаѓа до застој во сообраќајот, во производството и др.
Оригинални податоци:
грло, мн. грла ср. 1. Горниот дел од внатрешноста на вратот што се наоѓа меѓу усната празнина и хранопроводникот. Ме боли грлото кога голтам. 2. (прен.) Глас. Му зарипна грлото. 3. (прен.) Тесен горен дел од шише; грлушник. Шишето беше полно до грлото. 4. Тесен дел на поток, на река и сл. Прескокнаа кај грлото на потокот. ◊ Викна колку што го држи грлото – викна на цел глас. Го стегна нешто во грлото – почувствува болка, тага, страв. До грло – сосема, потполно, целосно. Коска в грло – голема пречка. Му застана зборот (гласот) в грло – од преголема возбуда или страв не може да зборува. Стави нож под грло – доведе некого во тешка ситуација. Тесно грло – место каде што доаѓа до застој во сообраќајот, во производството и др. ‖ грлце, мн. грлца ср. дем.