грмеж

Именка, машки род

Значење на грмеж:

1. Силен звук што се слуша при грмење. Вчера имаше обилни врнежи и грмежи.

2. (прен.) Силен звук на топови и на друго оружје. Планината ечеше од грмежите на топовите.

Множина: грмежи.

Оригинални податоци:

грмеж, мн. грмежи м. 1. Силен звук што се слуша при грмење. Вчера имаше обилни врнежи и грмежи. 2. (прен.) Силен звук на топови и на друго оружје. Планината ечеше од грмежите на топовите.