грми

Глагол, несвршен

Значење на грми:

1. безл. Создава силен звук при светнување на молња. Ноќеска грмеше, ама не заврна.

2. (прен.) Создава силен звук од топови и од друго оружје. Грмеа пушки и топови.

3. (прен.) Создава силен звук, глас и сл. Салата грмеше од бурниот аплауз. Од куќата грмеше гласна музика. Со својот силен глас попот грмеше.

Коњугација: грмат.

Изведени зборови:

  • грмење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

грми, грмат несв. 1. безл. Создава силен звук при светнување на молња. Ноќеска грмеше, ама не заврна. 2. (прен.) Создава силен звук од топови и од друго оружје. Грмеа пушки и топови. 3. (прен.) Создава силен звук, глас и сл. Салата грмеше од бурниот аплауз. Од куќата грмеше гласна музика. Со својот силен глас попот грмеше. ‖ глаг. им. грмење ср.