грне

Именка, среден род

Значење на грне:

Земјен сад што се користи за подготвување храна. Грнето со грав тивко вареше на огинот.

Множина: грниња.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ѓупско грне – човек што јаде сè, што е ненаситен. Не си грне да се скршиш – ништо нема да ти биде. Се стркалало грнето, си го нашло капачето – се нашле двајца што си одговараат.

Оригинални податоци:

грне, мн. грниња ср. Земјен сад што се користи за подготвување храна. Грнето со грав тивко вареше на огинот. ◊ Ѓупско грне – човек што јаде сè, што е ненаситен. Не си грне да се скршиш – ништо нема да ти биде. Се стркалало грнето, си го нашло капачето – се нашле двајца што си одговараат.