гроб

Именка, машки род

Значење на гроб:

Ископана дупка во која се погребува мртовец.

Множина: гроба, гробови.

Изведени зборови:

  • гропче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

До гроб – засекогаш. Му (го) копа гроб(от) – прави нешто за да уништи некого. Се превртува в гроб – и мртвиот би реагирал на некоја лоша или срамна работа. Со едната нога е в гроб/Мириса на гроб – се наоѓа пред умирање. Подобро гроб отколку роб – и смртта е подобра од ропството. Тајната ја однесе в гроб – никому не кажал.

Оригинални податоци:

гроб, мн. гробови, избр. мн. гроба м. Ископана дупка во која се погребува мртовец. ◊ До гроб – засекогаш. Му (го) копа гроб(от) – прави нешто за да уништи некого. Се превртува в гроб – и мртвиот би реагирал на некоја лоша или срамна работа. Со едната нога е в гроб/Мириса на гроб – се наоѓа пред умирање. Подобро гроб отколку роб – и смртта е подобра од ропството. Тајната ја однесе в гроб – никому не кажал. ‖ гропче, мн. гропчиња ср. дем.