грош
Историја.
Значење на грош:
1. Турска ситна монета од 40 пари.
2. Ситна пара.
Множина: гроша, грошови.
Алтернативно: грошеви
Изведени зборови:
- гровче, и. ср. мн. гровчиња; гроше, мн. грошиња ; грошец (само едн.) м. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна – за да дојдеш до некаде каде што е поевтино ќе потрошиш многу пари. Грош петел шеесет пари крчма – нешто што не се исплатува. За свој грош – за свои пари, на своја сметка.
Оригинални податоци:
грош, мн. грошови и грошеви, избр. мн. гроша м. (истор.) 1. Турска ситна монета од 40 пари. 2. Ситна пара. ◊ Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна – за да дојдеш до некаде каде што е поевтино ќе потрошиш многу пари. Грош петел шеесет пари крчма – нешто што не се исплатува. За свој грош – за свои пари, на своја сметка. ‖ гровче, мн. гровчиња; гроше, мн. грошиња ср.; грошец (само едн.) м. дем.