гровне
Значење на гровне:
1. Падне со тресок, се струполи. Покривот на старата куќа гровна.
2. Опадне нагло, клапне, се истошти, се измори наеднаш. Откако брат ми замина на печалба, татко ми гровна.
Коњугација: гровнаа , гровнав , гровнал , гровнат , гровнат , гровнете , гровни , (ќе) гровнеа , (ќе) гровнев , (ќе) гровнел.
Изведени зборови:
- гровнува, глаг. повт. гровнуваат
- гровнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
гровне, гровнат; гровни, гровнете; гровнав, гровнаа; гровнал; гровнат; (ќе) гровнев, (ќе) гровнеа; (ќе) гровнел св. 1. Падне со тресок, се струполи. Покривот на старата куќа гровна. 2. Опадне нагло, клапне, се истошти, се измори наеднаш. Откако брат ми замина на печалба, татко ми гровна. ‖ гровнува, гровнуваат повт. ‖ глаг. им. гровнување ср.