грозд

Именка, машки род

Значење на грозд:

1. Плод на виновата лоза составен од повеќе зрна закачени на дршка. Лозјето тежеше од големите гроздови.

2. (прен.) Разни предмети, организми и сл. собрани во една целина, во вид на грозд. Продавачот носеше цел грозд балони.

Множина: грозда, гроздови.

Изведени зборови:

  • гровче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

грозд, мн. гроздови, избр. мн. грозда м. 1. Плод на виновата лоза составен од повеќе зрна закачени на дршка. Лозјето тежеше од големите гроздови. 2. (прен.) Разни предмети, организми и сл. собрани во една целина, во вид на грозд. Продавачот носеше цел грозд балони. ‖ гровче, мн. гровчиња ср. дем.