гроздобер

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на гроздобер:

1. Берење, собирање на грозјето; грозјебрање. Селаните отидоа на гроздобер.

2. Временскиот период кога се собира грозјето. Се омажи за време на гроздоберот.

3. Старо, народно име за месец септември.

Изведени зборови:

  • гроздоберски, прид. гроздоберскиот

Оригинални податоци:

гроздобер (само едн.) м. 1. Берење, собирање на грозјето; грозјебрање. Селаните отидоа на гроздобер. 2. Временскиот период кога се собира грозјето. Се омажи за време на гроздоберот. 3. Старо, народно име за месец септември. ‖ гроздоберски, гроздоберскиот прид.