грст

Именка, машки род

Значење на грст:

1. а) Составени двете дланки во форма на длабок сад. б) Мерка, количество на нешто колку што може да соберат две составени дланки. Набра грст грозје.

2. (прен.) Малку, неколку. Имаше грст луѓе.

Множина: грста, грсти.

Алтернативно: грстови

Фразеолошки израз / поговорка:

На еден со грст, на друг со прст – некому многу, некому малку.

Оригинални податоци:

грст, мн. грсти и грстови, избр. мн. грста м. 1. а) Составени двете дланки во форма на длабок сад. б) Мерка, количество на нешто колку што може да соберат две составени дланки. Набра грст грозје. 2. (прен.) Малку, неколку. Имаше грст луѓе. ◊ На еден со грст, на друг со прст – некому многу, некому малку.