груб

Придавка

Значење на груб:

1. Што е рапав, што не е мазен. Грубо платно.

2. Што е суров, строг, нечувствителен, дрзок, неучтив. Груб човек. Груб однос.

3. Што е грд, со неправилни црти. Селанката беше груба во лицето.

4. За глас – што е непријатен, немелодичен, рапав. Ми се обрати со груб глас.

5. (прен.) Што е приближен, општ. Во груби црти.

6. (прен.) Што е тежок, недопустлив. Груба грешка. Груб прекршок.

7. (прен.) Што е тежок, непријатен, суров, неиздржлив. Груба стварност.

Членувана форма: грубиот.

Изведени зборови:

  • грубо, прил. Тој се однесуваше многу грубо кон неа.
  • грубост, и. ж. 1. Особина на тоа што е грубо. Нејзиниот изглед се одликуваше со невидена грубост. 2. Груба постапка, грубо однесување. На својот соперник му правеше секакви грубости.

Оригинални податоци:

груб, грубиот прид. 1. Што е рапав, што не е мазен. Грубо платно. 2. Што е суров, строг, нечувствителен, дрзок, неучтив. Груб човек. Груб однос. 3. Што е грд, со неправилни црти. Селанката беше груба во лицето. 4. За глас – што е непријатен, немелодичен, рапав. Ми се обрати со груб глас. 5. (прен.) Што е приближен, општ. Во груби црти. 6. (прен.) Што е тежок, недопустлив. Груба грешка. Груб прекршок. 7. (прен.) Што е тежок, непријатен, суров, неиздржлив. Груба стварност. ‖ грубо прил. Тој се однесуваше многу грубо кон неа. ‖ грубост, мн. грубости ж. 1. Особина на тоа што е грубо. Нејзиниот изглед се одликуваше со невидена грубост. 2. Груба постапка, грубо однесување. На својот соперник му правеше секакви грубости.