губи
Значење на губи:
1. Престанува да има нешто, останува без нешто, снемува, загубува нешто. Тој постојано ги губи клучевите. Почна да си ги губи пријателите.
2. Се намалува, снемува некое својство. Старецот го губеше слухот. Жената го губеше здравјето.
3. Исчезнува, излегува надвор од досегот, од видот. Го губев од вид.
4. Доживува пораз (во игра, во натпревар, во војна и сл.). Кога играше карти, секогаш губеше.
5. Трпи загуба во работата. Во продажбата почна да губи и на крајот се откажа.
6. Троши бесполезно. Губи време.
Коњугација: губат.
Изведени зборови:
- се ~ губи, 1. Исчезнува без трага. Сонцето се губеше зад планините. Детето постојано се губеше. 2. (прен.) Станува несвесен, неразумен, отсутен, се занесува. Понекогаш се губеше и чудно се однесуваше.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го губи лебот – останува без работа. Губи глава – 1. станува неразумен. 2. умира, загинува.
Оригинални податоци:
губи, губат несв. 1. Престанува да има нешто, останува без нешто, снемува, загубува нешто. Тој постојано ги губи клучевите. Почна да си ги губи пријателите. 2. Се намалува, снемува некое својство. Старецот го губеше слухот. Жената го губеше здравјето. 3. Исчезнува, излегува надвор од досегот, од видот. Го губев од вид. 4. Доживува пораз (во игра, во натпревар, во војна и сл.). Кога играше карти, секогаш губеше. 5. Трпи загуба во работата. Во продажбата почна да губи и на крајот се откажа. 6. Троши бесполезно. Губи време. ● се ~ 1. Исчезнува без трага. Сонцето се губеше зад планините. Детето постојано се губеше. 2. (прен.) Станува несвесен, неразумен, отсутен, се занесува. Понекогаш се губеше и чудно се однесуваше. ◊ Го губи лебот – останува без работа. Губи глава – 1. станува неразумен. 2. умира, загинува.