гусар

Именка, машки род

Значење на гусар:

Човек што плови со брод и пљачка други бродови, морски разбојник; пират. Оддалеку се гледаше црното знаме на гусарите со мртовечка глава и две прекрстени коски.

Множина: гусари.

Изведени зборови:

  • гусарски, прид. гусарскиот Гусарски брод.

Оригинални податоци:

гусар, мн. гусари м. Човек што плови со брод и пљачка други бродови, морски разбојник; пират. Оддалеку се гледаше црното знаме на гусарите со мртовечка глава и две прекрстени коски. ‖ гусарски, гусарскиот прид. Гусарски брод.