гуша
Значење на гуша:
1. Преден дел од вратот; грло. На гушата носеше убав ѓердан.
2. Болест на штитната (тироидната) жлезда при што доаѓа до отекување на предниот дел од вратот; гушавост, струма.
Множина: гуши.
Изведени зборови:
- гувче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дошло до гуша – нешто е преку секоја мера, претерано. Една душа, една гуша – еден полесно се прехранува. Заборчен до гуша – многу заборчен. На мртвите за душа, на живите в гуша – се мисли на обичајот да се нуди храна за душа и спомен на мртвите. Полн до гуша – најаден. Се фатија за гуша – физичка пресметка или караница. Стави нож под гуша – стави некого во безизлезна ситуација.
Оригинални податоци:
гуша, мн. гуши ж. 1. Преден дел од вратот; грло. На гушата носеше убав ѓердан. 2. Болест на штитната (тироидната) жлезда при што доаѓа до отекување на предниот дел од вратот; гушавост, струма. ◊ Дошло до гуша – нешто е преку секоја мера, претерано. Една душа, една гуша – еден полесно се прехранува. Заборчен до гуша – многу заборчен. На мртвите за душа, на живите в гуша – се мисли на обичајот да се нуди храна за душа и спомен на мртвите. Полн до гуша – најаден. Се фатија за гуша – физичка пресметка или караница. Стави нож под гуша – стави некого во безизлезна ситуација. ‖ гувче, мн. гувчиња ср. дем.